Хоризонти

Кредитирањето во ХОРИЗОНТИ е засновано на следниве принципи:

  • Наменско кредитирање – покривање на широк спектар од потребите во бизнисите и домувањето;
  • Транспарентни договори – клиентот е однапред запознаен со сите услови и обврски, како и сите трошоци кои произлегуваат од договорот за заем;
  • Фиксна каматна стапка – во периодот на враќање на заемот, клиентот плаќа иста каматна стапка, и нема ризик од промена на каматата на негова штета;
  • Заедничка кредитна проценка – ХОРИЗОНТИ и клиентот заеднички ги проценуваат потребниот износ, отплатните рати и рокот, заради заштита на клиентот од презадолженост и неможност од редовно враќање на заемот;
  • Стручна помош и едукација – клиентот добива неопходна асистенција, совети и едукација за комплетирање на кредитното барање и наменското искористување на средствата;
  • Следење на напредокот – за Хоризонти успехот е целосен кога нашите услуги донеле позитивна промена во животот и работата на клиентот